Карни: Потегот за царините на Трамп е трагедија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Канада, Марк Карни најави дека ќе има контрамерки против американските царини. Тој го нарече како „трагедија“ за светската економија потегот на Трамп околу воведување на царините.

Карни рече дека неговата влада ќе го преслика американскиот пристап, и ќе воведе царини од 25% за сите возила увезени од САД, кои не спаѓаат во трговскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада.

Новата мерка ќе се применува за увезена стока во вредност од 35,6 милијарди канадски долари (околу 22,8 милијарди евра), изјави владиниот портпарол.

Карни соопшти дека новите тарифи нема да се однесуваат на автоделови, и нема да влијаат на деловите од Мексико.

„Со оглед на очекуваната штета за сопствениот народ, американската администрација на крајот треба да го смени правецот на својата политика. Но, не сакам да давам лажна надеж“, рече Карни.