Kарпа од 20 тони може да падне на Матка, постои опасност по браната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако од Електрани на Северна Македонија и ЕВН алармираа дека постои опасност една од карпите да падне на Матка, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објасни дека се наоѓа карпата и какви штети може да предизвика во случај да падне.

Фотографиите кои се направени од блиску покажуваат дека карпата е веќе распукана. Директорот Ангелов, додава дека карпите можат да бидат тука уште 100 години, но како што вели, обврска е на ЦУК да информира за можните ризици.


Според Центарот за управување со кризи тука се наоѓа карпа која го загрозува туристичкиот центар Матка. Како што велат од ЦУК, карпата е тешка околу 20 тони.

Стојанче Ангелов додава дека се врши и надзор со дрон и дека институциите ќе преземат конкретни мерки за евентуално неочекувано паѓање на карпите на Матка.