Претседателот на Беса, Биљал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека доколку имало договор меѓу премиерот Зоран Заев и екс директорот на УБК Сашо Мијалков, тој немало да избега.
„Според досегашните официјални информации од МВР и обвинителството дека полицијата дала информација дека лицето Сашо Мијалков може да избега, обвинителството побарало од судот притвор, а судот одредил домашен притвор. Вака сме сите информирани. Според ова, опозицијата се демантира себеси, затоа што доколку имало договор помеѓу Мијалков и Заев или Владата, во тој случај Мијалков немаше да има потреба да побегне“, посочува Касами.