Новиот градоначалник на Тетово, Биљал Касами вчера ги запре сите проекти кои беа во фаза на реализација од страна на општината.
„Овој и многу други проекти се разгледуваат од страна на општина Тетово. Целта е да се утврди дали има пропусти при извршувањето на активностите“, вели репортерот на ТВ21.
Граѓаните кои ги сретнавме очекуваат градежните активности на патиштата да завршат час поскоро, а некои пак, беа на став дека веќе се навикнати на секојдневие со оштетени улици.
„Ги стопираа бидејќи ги украдоа парите и каде сега тој да најде за да ги обнови улиците? Ќе стане катастрофа. Цело Тетово е катастрофа. Што направи Теута? Што друго да кажам. Колите си ги расипавме. Само денеска дадов 200 евра за поправка на автомобилот кој го оштетив од оваа улица“, вели граѓанин.
„Треба да се санираат што е можно поскоро за сообраќајот да биде што подобар за возилата“, посочи граѓанин.
„Секако дека треба да се работи и да ги санираат, но ние веќе сме навикнати и вака“, додава граѓанин.
Сретнавме и неколкумина претставници на општина Тетово кои излегоа на терен за да извршат увид во градежните активности. Денеска побаравме одговор од општинските власти во однос на тоа – кои проекти се стопирани, колку чинат, во која фаза се и дали за некој од нив е направено примопредавање, но до ова информативно издание не добивме никаков повратен одговор.