Касами и Таравари ја коментираа идејата на ДУИ – „меѓународните експерти се за пи-ар, ДУИ нема да победи никогаш“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на Движење Беса, Биљал Касами, ја коментираше идејата на ДУИ за регионална поделба на РСМ, според моделот на Северна Ирска и Белгија. Касами вели дека ДУИ ангажирајќи скапи меѓународни експерти, ги троши партие кои ги заработиле додека биле на власт.

„Тоа е иронија, ДУИ 20 години беше на власт, остави тоа што не зборуваше за кантонизација, регионална поделба, туку не направи ниту најмал чекор кон завршувањето на процесот на децентрализација… тие го изгубиле патот во сопствениот двор, така како и во Влада тие мислеа како да заработат пари повеќе за себе и нивното семејство, а и денеска тие пари ги трошат за скапи меѓународни експерти, кои се обидуваат да направат Пиар, отколку што прават нешто“, порача Биљал Касами.

ДУИ постојано се жали дека со формирањето на Владата ВМРО ДПМНЕ-ВРЕДИ не се почитува волјата на Албанците, затоа бараат принципот победник со победник да се регулира со закон. Но Таравари вели дека е залудно бидејќи според него ДУИ никогаш нема да победи на избори.

„Во принцип за вакви закони е потребен широк консензус. Сега кога ДУИ е во опозиција, не верувам дека ќе победни некогаш на избори, никогаш нема да се случи да победи на избори“, вели Арбен Таравари.

Инаку веќе ДУИ ангажирала меѓународни експерти за наоѓање на решение за, како што велат “непочитуањето на волјата на гласачите“ и анализираат двА модели за регионална поделба на државата, моделот на Белгија и Северна Ирска.