Касами: Мој приоритет за Тетово ќе биде урбанистичкиот сектор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Презентирајќи ја изборната понуда, дебатиравме и со гостите Мухарем Мухареми, Аднан Беадини, Фехри Хетеми, Хамди Саити, Виган Рустеми и Дрилон Вејсели, со кои заклучивме дека јас како идниот градоначалник на Тетово како приоритет над приоритетите треба да го имаме урбанистички сектор за планирање и комуникација, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Тетово од редовите на Беса, Билал Касами.

Тој нагласи дека лошото управување со тој сектор во Општина Тетово донело вистински урбанистички и сообраќаен хаос, што, како што рече. го отежна животот на граѓаните со зголемување на нивото на стрес и уништување на имиџот на Тетово.

– Ќе направиме физибилити студија и ќе го ревидираме и прошириме Урбанистичкиот план, ќе го решиме проблемот со паркирањето со изградба на паркинзи на кати со челична конструкција, долгорочни решенија за управување со отпад, проширување на зелените јавни површини за рекреација и за децата и за другите возрасни групи, проширување на урбаните средини, регулирање на патната инфраструктура и отворање на три булевари како главна „артерија” на градот: Булевар Центар-Илинден, продолжување на булеварот Благоја Тоска и булевар Видое С. Бато, регулирање на тротоарите и јавно осветлување, нагласи Касами.