Касами: На локални избори сами, но можна е соработка со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на БЕСА Биљал Касами, вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме на различни теми, а неизбежна тема се и локалните избори оваа година.

Тој кажа дека БЕСА на локалните избори ќе оди сама, но не исклучи и соработка со сите партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

„Засега на локални избори ќе одиме сами. Н, можна е соработка и со сите партии кои ќе покажат интерес, освен со ВМРО-ДПМНЕ. За нив вратата е затворена“, рече Касами.

Касами кажа дека Тетово треба да биде вратено на тетовчани. На прашањето дали тој би се кандидирал за градоначалник, рече дека тоа ќе треба да го одобрат партиските органи.

„Сепак, ќе направиме анализа, и доколку имаме сериозна понуда за соработка, ќе ја разгледаме. Секоја можна соработка меѓу СДСМ и БЕСА на локалните избори, ќе биде предмет на сериозна анализа. Ќе ги анализираме најдобрите опции за нас како БЕСА“, рече Касами.