Касами: Прв бев кој по изборите отидов кај Мицкоски – коалициониот партнер на СДСМ – Беса против легализирањето на канабисот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Во синоќешното издание на дебатниот магазин „Клик Плус“ говореше и за средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во јули минатата година. Како што рече, на Мицкоски му дал шанса да се промени, но сепак, како што вели, тој не направил ништо.


„Прв бев кој му даде можност на лидерот на македонската опозиција. Се сретнав со него тука во Скопје, недалеку од ова студио и му дадов можност да размисли и да се промени од поранешните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Но, за жал не видов некоја суштинска промена во однос на важните прашања поврзани со градење на државата“, вели Биљал Касами – претседателот на движењето Беса.

Касами   меѓу другото говореше и за легализирањето на канабисот. Вели дека е против, но остава простор за дебата.


„Да појасниме, јас сум против легализирањето на канабисот, игрите на среќа ако не се укинат целосно, барам да бидат онлајн, да биде според моделот на Албанија, а прашањето за јавните куќи воопшто не го дискутираме“, вели Касами.
-Но, доколку утре му текне на премиерот?
-Тогаш нека размисли за бројките…

Во однос на соработката меѓу македонската и албанската опозиција, вели дека станува збор за непринципиелна соработка која е проследена со бројни прашалници.