Касами: Во оваа криза сите треба да бидеме солидарни!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Биљал Касами од Беса во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека во оваа криза сите треба да бидеме солидарни!

„Сите бизнисмени треба да се однесуваат по принципот на солидарност, тоа што сме го спечалиле во нормални услови, треба да го споделиме солидарно со сите кои немаат, со помалку примања и оние кои се во критични категории“, вели Касами.

Тој додава дека не е момент да се искористи ситуацијата и некој да се збогати.