Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами во моментов е во полициска станица каде пријавува исчезнување на пратеникот Кастриот Реџепи.
Претходно, Касами посочи дека последните случувања покажуваат дека власта е спремна на се за да остане на овие позиции.
„Се додека немам јасна слика и глас за пратеникот за својот став јас се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание и да се искаже за својата политичка позиција“, рече Касами.