Касами за ТВ21: Беса не е дел од Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на Движењето Беса, како и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами беше гостин во Вестите на ТВ21.

На новинарско прашање од ТВ21 за тоа дали Беса е дел од Владата, Касами одлучно одговори: „Не, Беса не е дел од Владата!“

„Не е вистина дека Беса е дел од Владата. Нашите министри поднесоа оставка и не сме повеќе дел од Владата. Кастриот Реџепи може да зборува лично за него. Тој е исклучен од сите партиски тела. Сите други пратеници на Беса се стабилни и не се дел од владиното мнозинство“, порача Касами.

Тој иронично посочи дека можеби 61-виот пратеник е покојниот Амди Бајрам.