Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар денеска изјави дека продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран.
– Преговорите помеѓу САД и Иран, како и размената на пораки помеѓу различните земји, продолжуваат преку Катар и неговите регионални партнери. Размерот на овој конфликт и високата цена што ја плаќа светот, нè принудуваат да направиме сè што е можно за веднаш да се стави крај на војната преку договорено решение, наведе портпаролот на катарското МНР.
Во меѓувреме, беше објавено дека емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, денеска во Доха имал средба со иранскиот министер за внатрешни работи Ескандар Момени, посветена на „напорите за намалување на регионалните тензии“.
Дијалогот помеѓу американските и иранските претставници беше продолжен кон крајот на септември во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН. Потоа Иран предложи план за повторно отворање на Ормуска Теснина во рок од седум дена. Американскиот претседател Доналд Трамп не го прифати предлогот и го зголеми економски притисок врз Техеран, воведувајќи нови санкции врз воздухопловниот сектор на земјата.
