Катар уште вечерва може да ги загуби шансите за плејоф

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Катар денес загуби од Сенегал во второто коло на Светското првенството кое се одржува во нивната земја. Сенегал победи со 3:1 и ги остави домаќините само со теоретски шанси за поминување на групата.

Пред комплетирање на второто коло пласманот во А-групата изгледа вака: Холандија 3 бода, Еквадор 3, Сенегал 3, Катар 0.

Вечерва Холандија игра со Еквадор, а во последното коло на 29 ноември двојките се:
Холандија – Катар и Еквадор – Сенегал.

Доколку Холандија денеска го победи Еквадор или мечот заврши нерешено, Катар ќе ги загуби шансите да се пласира во осминафиналето. Единствена шанса за азискиот тим е поразот од Холанѓаните.

Катар во последното коло ќе треба да ја победи Холандија и да се надева на пораз од Сенегал од Еквадор, па дури и да ја заврши групата со подобра гол разлика од другите две селекции со 3 бода. Овој исход изгледа нереален.