Ќатип Османи седна на клупата на шампионот Струга ТЛ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Струга ТЛ има нов тренер во името на Ќатип Османи, екс тренер на Шкендија, Шкупи и Ренова.

Османи има освоено три шампионски титули, сите со Шкендија. Има и интернационално исксутво откако го водеше тимот на Влазнија во актуелната сезона, но во октомври си замина од овој албански прволигаш.

Сега Струга ТЛ ја очекуваат натпревари во квалификациите во Лигата на шампионите. Османи ќе го замени Шпетим Дуро, кој се раздели со екипата на три кола до крајот на шампионатот, а екипата во финишот ја водеше Мертион Гега.