Нема доволен број на судии, а претседателката на Уставен, Добрила Кацарска вели дека изборот треба да се направи што побрзо. Но избраните судии да бидат од фелата, а не од политичките редови, додавајќи дека Уставниот суд заслучува да има професионални кои нема да гледаат кој ја поднесува иницијативата ниту пак кој член е прекршен.
„Сакам максимално да го отворам судот и тука нема да има проблеми. Во однос на изброот на новите судии, можам само едно да гарантирам не постои политичар кој што мене може да ми се јави и да ми каже како јас да одлучам за некој предмет. Во мојата досегаѓна долгогодишна судска работа сум го докажала тоа. Кои судии ќе ги изберат политичарите, тоа може да разговарате со претставниците од политичките партии. Се надевам и посакувам да изберат професионалци, чесни судии, на кои што воошто нема да им е битно кој е подносител на иницијативата, која одредба се оспорува и слично. Се надевам ќе имаат сенс политичарите и ќе размислат кого ќе предложат и кого ќе изберат за судии на уставниот суд.“, рече Кацарска.
