Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека според последните анкети, и натаму мнозинството на граѓани и натаму се за Македонија да стане членка во ЕУ.
„И натаму имаме мнозинство од граѓаните за поддршка на членство во ЕУ. Ако има референдум, на тоа прашање стоиме повеќе од 65% од јавноста ви одговориле позитивно. Имаме 15% кои велат дека не знае како се гласа, мал бројот кој би гласал против, и многу помал како што е Србија. Не треба да градиме наратив дека нема интерес, туку интерес постои. Од јавноста висок процент не верува дека ние ќе станеме членка, 30% велат дека би сакале да станат, но не веруваат, наспроти тоа во Косово имате 5% од јавноста кои мислат дека нема да станат членка. Несомнено кај нас има поголема разочараност“, изјави Кацарска.
