Кавадарчанката Милица меѓу првите кои примија вакцина против коронавирус во САД

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откриена планина полна со злато во Конго – граѓаните веднаш се упатиле кон неа со лопати

Властите во Демократска Република Конго забранија експлоатација на злато во провинцијата Јужен Киву, откако на социјалните мрежи се прошири...

Британска компанија флашира чист воздух – цената е вистинска „ситница“

Компанија од Велика Британија започна полемика на социјалните мрежи благодарение на продажбата на стаклени шишиња полнети со „најсвежиот крајбрежен...

Како се врши селекцијата и кој може да работи контролор на лет?

Се вели дека воздушниот сообраќај е најбезбеден, но дали знаете како се врши селекцијата и кој може да работи...

Дневен хороскоп за вторник (9. март 2021)

ОВЕН Работа: Доколку сте заинтересирани за подобрување на финансиите, во смисла на добивање на кредит или пари од спонзори, најдобро...

Времето денеска претежно облачно со повремен дожд

Претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините...

Кавадарчанката Милица Глигоров е  меѓу првите кои примија вакцина против коронавирус во САД. За МИА појасни дека работи како менаџер во голема болница, а здравствените  работници имале приоритет при вакцинирањето.

– Воопшто не се плашев да се вакцинирам, бидејќи им верувам на науката и стручните кадри. Направив проучување на позитивните и негативните работи од примањето на вакцина и одлучив дека сепак најдобро е да се вакцинирам. Негативните ефекти од американската вакцина на „Модерна“ се минимални. Самиот чин на вакцинирање беше безболен. Многу луѓе во САД едвај чекаат вакцинирањето да им биде достапно. Особено млади и едуцирани. Од искуство можам да кажам дека вирусот постои и на дневна основа досега имавме пациенти кои не успеваа да се изборат со него, раскажа младата кавадарчанка која со своето семејство живее и работи во САД.

Нејзината препорака е сите луѓе да се чуваат, да ги слушаат препораките на експертите и своите матични лекари. Да не се информираат од погрешни и непроверени извори. И добро да размислат, кога носат одлуки за сопственото здравје.

Втората доза ќе ја прими на 10 февруари.

– И понатаму остануваат препораките за превентива со заштитни маски и одржување дистанца. Но со вакцинирањето се чувствувам позитивно зашто верувам дека нема да се заразам со вирусот. Затоа што сепак никој не знае како би поминал доколку е позитивен на Ковид-19. Мислам дека со вакцината е испишана историја против оваа најнова пандемија, децидна е таа.