Кавадарци до 12% и Охрид со 11% се нови жаришта во Македонија на коронавирус, исклучувајќи го Градот Скопје.
Во Кавадарци моментално има 417 активни случаи, а во Охрид 388. Потоа следуваат Прилеп, Куманово, Велес, Тетово, Делчево…
Во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 140, Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10, Гостивар – 7, Битола и Струга –по 6, Штип, Гевгелија, Берово и Богданци – по 5, Ресен, Делчево и Крушево – по 4, Струмица, Валандово и Кратово – по 3, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кичево, Свети Николе, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 485.147 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.
