Кажал дека ќе оди во Австрија, па исчезнал – полицијата трага по 42-годишник од Батинци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата трага по 42-годишен од Батинци. Тој пред два дена кажал дека ќе оди во Австрија, но одеднаш му се губи секаква трага, а бил недостапен и на мобилниот телефон.

„На 22.10.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Драчево Б.Д.(22) од с.Батинци, скопско, пријави дека неговиот вујко Н.Д.(42) на 21.10.2025 се упатил кон Р.Австрија, по што не бил достапен на телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“, стои во билтенот на МВР.