Човек кој се обиде да запали хотел во кој престојуваа баратели на азил е осуден на девет години затвор. Тоа е најдолгата затворска казна за немирите кои минатото лето ја погодија Велика Британија.
Леви Фишлок (31) за време на немирите на 4 август ги искрши прозорците и запали канта пред хотелот „Холидеј ин експрес“ во Ротерам.
Фишлок првично ги негираше немирите и палењето со намера да го загрози животот, но подоцна се изјасни за виновен по обвиненијата. Изрекувајќи ја пресудата, судијата Џереми Ричардсон рече: „Ова е еден од најлошите случаи поврзани со немирите во Ротерам“.
Казната на Фисклок вклучува условна казна од пет години откако ќе излезе од затвор, истата казна што ја доби и Томас Бирли, кој исто така беше дел од толпата која се обиде да запали хотел во Јужен Јоркшир.
