Реториката на кампањата на претходните избори која се темелеше на “Едно општество за сите”, ја немаше во оваа изборна кампања ни во изборните листи, а ја немаше ниту вчера кај СДСМ и кај ДУИ. Според граѓанската активистка, Мерсиха Смаиловиќ, неправедно е тоа што покрај квалитетниот кадар на помалку бројните заедници, за министри да бидат поставени само македонци и албанци. Покрај тоа, Смаиловиќ смета дека е нанаесена неправда кон квалитетниот женски кадар кој не доби ниту едно министерско место во новиот состав на владата.
„Чувството на помалку бројните заедници како припадник и како жена, значеше дека ќе има надеж и дека ќе зборуваме. Но како поминуваа годините таа реторика се помалку беше присутна кај сите други чинители во политиката, не зборам само за премиерот Заев, туку и за другите министри. Некако исчезна таа реторика. И вчера кога го видовме едниот дел од коалицијата “Можеме” на нивниот предлог за министри навистина има охрабрувачки имиња, присуството на жените, охрабрува и тоа што се укинаа и министерствата без ресор бидејќи тоа и баравме да се намалат. Но веќе ја нема реториката. Ја немаше во изборната кампања, ја немаше ни во изборните листи, ја немаше вчера ниту во СДСМ ниту во ДУИ, едноставно за некој кој сака и копнее да живее во едно општество за сите не можев да ја слушнам вчера воопшто не да видам некој моменти дека ни престојат четири години каде ќе се работи нашето општество да биде општество за сите“, изјави Мерсиха Смаиловиќ за ТВ21.
Претседателот од Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски и коалициски партнер на СДСМ изјави дека со составот на новата влада неговата партија ќе го изгуби и тоа што го имаше.
„Тоа што го имавме го губиме, тоа е министерот без ресор за имплементација и стратегија на Ромите, каде што беше појдовна точка не добивме доволен број гласови. Според принципот на новата влада, ако влезе женско, треба да влезе женско од листата зашто во членот на Изборниот законик треба да влезе 11-тата, а не деветиот, Козаров. Не знам која комбинација би се направила за јас да станам пратеник или Козаров“, вели Самка Ибраимовски.
Самка во 2017 стана министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми, а во декември истата година си поднесе оставка и се врати на пратеничката функција.
