Ќе има ли смена на првиот вицепремиер, Груби? – Ахмети за „конфликтот“ меѓу Меџити и Груби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На прашањето дали разговарал со својот владин партнер, Зоран Заев за реконструкција на Владата, првиот човек на ДУИ, директно одговори дека не.

„Не, воопшто. Не е дискутирано, а ниту пак е размислувано за ова прашање“, порача Ахмети.

Но, на првиот човек на интегративците му требаше пошироко објаснување во однос на прашањето – дали размислува да смени некој функционер на ДУИ во Владата? Говорејќи за внатрепартиските незадоволства во однос на назначувањата, Ахмети вели дека не е авторитарен за да не им дозволи на сопартијците слободно да го искажат нивното мислење.

„Поинаквото мислење да биде функционално, така што немој да мислите дека има нешто за што треба да се загрижиме, дури сум од оние кои го охрабруваат различното мислење. На крајот одлучува мнозинството органи и секако дека се ставаат во функција на одлуките кои се носат било со консензус или со мнозинство во рамките на партиските органи“, истакна Али Ахмети.

Пред неколку недели, потпретседателот на ДУИ и координатор на пратеничката група, Изет Меџити, отворено изрази загриженост околу назначувањето на Артан Груби за прв вицепремиер.
Пред два дена, на прашањето – дали пратениците на ДУИ или самиот тој е подготвен да ја урне актуелната Владата, поддржувајќи го опозицискиот лидер, Мицкоски за формирање ново мнозинство, Меџити со одговор дека проблемот не е во Владата, туку во Груби, за кој, како што рече, е подготвен да гласа за да биде разрешен.

„Немаме проблем со ориентацијата на Владата. Ја поддржуваме оваа Влада. Проблемите  се во ДУИ – да се слушне гласот на структурата. Ако покренеме гласање доверба, ќе биде само за Артан Груби“, вели Изет Меџити.

ТВ21 од свои извори дознава дека претседателот на ДУИ побарал Артан Груби да биде на вицепремиерската функција 6 месеци од неговото назначување. Поради тоа и Меџити досега не преземал ниту еден од најавените чекори за интерпелација против Груби. Во случај Груби да продолжи да ја врши функцијата и по овие 6 месеци, тогаш Меџити и официјално се очекува да побара интерпелација за неговиот сопартиец.