Целосна блокада на земјава од штрајковите, најавува Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија. Главната причина за нивното незадоволство се ниските плати, како и непочитувањето на одлуката за минимална плата од институциите.
А во поддршка на штрајкот на Синдикатот на Управата за матични книги, ќе излезе и Независниот синдикат на полицијата. Претседателот на синдикатот, Гоце Делчев, изјави дека и административните служби при МВР ја разгледуваат можноста за штрајк со истите барања.
Инаку, Синдикатот на Управата за матични книги утре повторно на протест пред Министерството за правда.