„Ќе одам на втор мандат – убеден сум на поддршка од СДСМ“, вели градоначалникот на Куманово Димитриевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме со градоначалниците на Куманово Максим Димитриевски, и на Кавадарци Митко Јанчев.

Димитриевски кажа дека ќе оди на втор мандат како градоначалник на Куманово, и смета на поддршката на својата партија СДСМ.

„СДСМ е политичка партија која се разликува од другите. Јас сум социјалдемократ и заложник на демократски процедури во партијата. Не остапувам од моите ставови во изминатиот период, затоа што сметам дека се исправни. На отчетот, на моите сограѓани им најавив дека имам намера да побарам поддршка од партијата, и потоа од граѓаните“, рече Димитриевски, кој на прашање што ако не ја добие поддршката од партијата, одговори:

„Јас сум убеден дека ќе ја добијам поддршката“, рече Димитриевски.

Целата изјава низ видео: