Министерот за надворешни работи Бујар Османи е вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме за спорот со Бугарија, како и за изборите кои се одржаа вчера во оваа земји. Османи изрази надеж дека тие ќе донесат поместување према напред во преговорите, и дека бугарскиот народ ја казнил анти-ЕУ кампањата на Каракачанов.
Османи кажа дека американската администрација во првите месеци од владеењето на Бајден, покажала ангажман во ЕУ.
„Американската администрација и покрај фокусот во внатрешната политика кои го најавија, веќе донесоа важни надворешно политички одлуки. Посебно ангажманот со ЕУ, учеството на Бајден во самитот на ЕУ го кажува тоа. Имав средба со секретарот Блинкен на самитот на НАТО, и веќе се забележува ангажманот на САД, а тој ангажман е важен за одржливоста на решението. Ние сме пример како една синергија во односите на САД и ЕУ даваат одржливи решенија“, рече Османи.
Дали САД може да помогне околу преговорите со Бугарија?
„Дефинитивно ќе има поголем ангажман од САД, но не очекувам тоа да биде како еден вид притисок на едната или другата страна. Ние не сме во замрзнат конфликт, да немаме воопшто комуникација, и ние не сме дозволиле тоа, иако имаше опасност тоа така да се претвори во последните неколку месеци. И во најниската точка на односи, и критики на јавноста инсистиравме дека мораме да ја држиме директната комуникација. Но мислам дека е важно пријателите да бидат тука, затоа што целта ние е заедничка. И за САД е важно овој регион да биде дел од ЕУ“, рече Османи.
