Ќе се менува ДДВ, 0 проценти персоналец за ИТ, нов данок на луксуз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Данокот на добивка останува на ниво од 10 проценти во целиот период од 2020 до 2024 година, а предвидено е ослободување од овој данок при реинвестирање на добивката во 2021 како одговор на влијанието на ефектот од ковид пандемијата. Ова стои во програмата за работа на Владата што денеска во Собранието ја достави мандатарот Зоран Заев. Во програмата се предвидува персоналниот данок на доход да се намали на 0 проценти во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто – 5 проценти во 2021, 3 проценти во 2022 и 0 проценти во 2023. Данокот на личен доход останува на 10 отсто, но во програмата пишува дека Владата нема да се откаже од воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консенсуз за воведување на иститот, пишува Фактор.

– Ќе се воведе единствена стапка од 10 отсто ДДВ за сите ресторантски услуги;

– Ревидирање на стапките на данок на додадена вредност за суровините за домашните производители и намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании

– Намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги;

– Подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишен промет од 01.01.2022 и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет.