Ќе се оди ли во пензија на 67 години?! Стапката во пензискиот придонес да расте – препорачува Фискалниот совет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Да се зголеми старосната граница за пензионирање и мажите и жените од 2026 година да одат во пензија на 67 години, но истовремено да расте и стапката на пензискиот придонес. Ова се препораките на експертите од Фискалниот совет кои ги испратија до пратениците во Собранието.

Од Советот предупредуваат дека фискалната одржливост на Фондот за ПИОМ претставува посебен фискален ризик за државата. Велат дека определбата за задржување на истите стапки на пензиско и инвалидско осигурување со значителното линеарно зголемување на два пати по 2.500 денари не само што ќе го зголеми јазот помеѓу приходи од придонеси и расходи за пензии, а со тоа и потребата за покривање од Буџетот на државата, туку на подолг рок уште повеќе ќе ја наруши фискалната одржливост на Фондот.

Токму препораките на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање и минусот во Фондот за пензиско се тема и на емисијата „Бизнис 21“ во среда во 21.30 часот. Нашата анализа покажа дека за 14 години граѓаните покрај 9,6 милијарди евра – пари од пензискиот придонес, за санирање на минусот во Фондот за ПИОМ уплатиле и дополнителни 6,3 милијарди евра преку државниот буџет. Додека пак само линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари, од март наредната година ќе не чини дополнителни 336 милиони евра годишн, или над 1,3 милијарди евра за 4 години.