Ќе се пролонгира ли почетокот на второто полугодие?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поради брзото ширење на сојот Омикрон, неколку здравствени експерти сметаат дека второто полугодие треба да се одложи. Но сепак така не сметаат и членовите на КЗБ. Комисијата не предложи продолжување на зимскиот распуст или онлајн настава, така да учениците овој четврток се враќаат на училишните клупи. Неколку пати се обидовме да контактираме со Претседателот на комисијата, Жарко Караџовски, за да го прашаме подетално за препораката учениците да се вратат на училиште, но безуспешно. Караџовски не одговори на нашите повици ниту пораки. Новата Влада во првата седница дебатираше во врска со тоа дали треба да почне навреме второто полугодие, но сепак не донесе конечна одлука.


Владата не донесе одлука во врска со предлогот на Комисијата за заразни болести. Закажан е состанок на Централниот оперативен штаб навечер. Тие ќе ја дадат последната препорака дали учениците треба или не да останат дома или да се вратат на училишните клупи.

Лекарот Агрон Палоши смета дека второто полугодие треба да се одложи за 2 недели бидејќи смета дека пикот на овој бран се уште не е достигнат.


„Врвот на заразата се очекува на крај на јануари или почеток на февруари, така што ова се совпаѓа со почетокот на учебната година, во основните и средните училишта. По мое мислење, следејќи ги епидемиолошките статистики, зголемениот број заразени,според можностите, треба да се размисли за одложување на второто полугодие за две недели, за малку да се ослободи здравствениот систем, да не се оптоварува со голем број за кратко време“, вели Палоши.

Одложување на почетокот на второто полугодие за две недели побара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. “Владата на првиот работен ден се очекува да размисли меѓу другото и за образованието. Бројот на заразени со корона вирус не е во пад, а меѓу заразените има многу деца, односно ученици“, се вели во реакцијата од оваа партија.
Инаку од почетокот на јануари 2022 до вчера, 16-ти, бројот на актив ни случаи со ковид 19 е пораснат за 11 илјади. Ако на 31 декември 2021 имаше 5006 активни случаи, вчера имаше 16.132.