Ќе заседава Владата, се размислува за полициски час од 20 часот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата денеска ќе одржи итна седница со почеток од 13 часот. Единствена точка ќе биде ситуацијата со коронавирусот, и некои нови мерки кои би биле превземени по последните бројки и ширењето на вирусот во земјава.

ТВ21 дознава дека Владата размислува за полицискиот час и забраната за движење да почне порано, односно од 20 часот до 05 часот. Исто така се размислува и за делумно затворање на угостителските објекти.

По завршувањето на седницата ќе има и прес-конференција, на која ќе бидат обелоденети новите одлукли и евентуални мерки ако бидат донесени.

Одлуката за актуелниот полициски час од 22 до 05 часот завршува утре (6. април).