Ќерими неколку пати се жалел до Омбудсманот-За одолговлекувањето на „Алфа“ можам да дадам само препораки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Покојниот Реџаиљ Ќерими, осуден во случајот „Алфа“, во 2020 година двапати се пожалил до Народниот правобранител за судскиот процес против него, а во 2015-та пак, поплака доставил и неговиот брат Јетулах Ќерими за нарушената здравствена состојба на Ќерими.

„Институцијата Народен правобранител нема надлежности во делот за одолговлекување на судскиот процес и непочитување на Законот за кривична постапка“, објаснува Зибери, додавајќи дека само може да даде препораки за дисциплински мерки против судиите кои ги одолговлекуваат постапките.


„Судење во оптимален рок, реков и претходно, е еден од основните начела на кривична постапка. Ние само можеме да препорачаме да се почитува тоа начело, но можеме и да му порачаме на Републичкиот судски совет – во случаите кога се истражува и кога нема судење во предвидениот законски рок, да се преземат соодветни дисциплински мерки против судиите кои го кршат начелото, бидејќи некогаш последиците можат да бидат фатални“, вели Зибери.

Денеска на Реџаиљ Ќерими му беше кажано последното збогум. Тој беше погребан во родното село Опае, липковско. По неговата смрт, Народниот правобранител извести дека неговите тимови веќе постапиле и дека е оформен предмет. Испратен е тим во затворот „Идризово“ за да изврши увид во какви простории Ќерими ја издржувал казната. Проверено е и местото каде паднал Ќерими во моментот кога му се слошило, а прегледани се и безбедносните камери.