КФОР: Во судирите во Звечан повредени 25 војници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

25 војници од мултинационалниот контигент во Косово беа повредени за време на протестите пред општина Звечан на северот на земјата, објави КФОР.

Единиците на КФОР беа распоредени во четири општини на северот на косово, за да ги сопрат насилните протести. Новоизбраните градоначалници се обидоа да ја преземат функцијата во последните денови во четирите општини, каде што живее мнозинство српско население.

Повредените војници се пренесени во болница, и се под надзор на медицински персонал.

Од 29 мај група на Срби протестираат во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ поради насилното влегување на новите градоначалници во општинските згради во петокот на 26. мај.