Вака изгледа населбата Тренко Тасески во Кичево.
Граѓаните се жалат дека отпадот не се чисти навреме.
А тие што се пожалија не сакаа да зборуваат пред камера.
„Дојдоа, го видоа ова и ветија дека ќе го отстранат, но оттогаш поминаа 3 недели и нема ништо“
„Еве таму ги гледате тие контејнери, овде има, таму подолу има, се е исчистено, погоре е исчистено, а за овде кој е проблемот не знам“.
Од Општинското претпријатие за ТВ21 велат дека редовно чистат колку што можат, но истакнуваат дека има и несовесни граѓани кои фрлаат ѓубре и цврст отпад околу контејнерите.
Редовно го чистиме тој дел од градот, отпадот е исчистен неодамна, но откако градот беше покриен со снег, остатокот од отпадот беше невозможно да се отстрани. Од следната недела ќе се чисти и тој дел и бараме граѓаните да бидат посвесни бидејќи ЈКП“ Комуналец„ нема обврска да отстрани отпад кој не е комунален отпад, како мебел, опрема и сл“, велат од Комуналец.
Изгледа дека Инспекторатот за зачувување на животната средина не функционира во Кичево и оваа е причината поради која се фрла отпад насекаде.