И оваа година Кичево нема да се украсува за Нова Година. Ова не е прв пат Општината средствата предвидени за Нова Година да ги донира за сиромашните семејства. Прашавме некои од граѓаните што мислат за украсувањето на градот.
Според градоначалникот Фатмир Дехари смета дека поважно е да им се помогне на семејствата на кои им е потребна помош како и да се донираат средства во борбата против Ковид 19.
„И оваа година проценката на сите, со оние со кои успеав да разговарам е и оваа година градот да биде украсен од самите граѓани или од приватниот сектор, а средствата кои ги одвојуваме да се донираат за потребните препарати за Ковид 19 и за семејствата на кои им е потребна помош во овие моменти“, посочи Фатмир Дехари.
Минатите години граѓаните сами ги украсуваа нивните дворови за да ја почувствуваат новогодишната атмосфера но овој пат иако не делат уште три недели од Нова Година, во Кичево не се чувствува дека се ближат празници, бидејќи ниту приватниот сектор нема започнато со украсување на нивните објекти.