Кичево мака мачи со отпадот – стадионот во Зајас сега е депонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проблем со менаџирање со отпадот, имаат неколку општини во државата, меѓу кои и Кичево. Во секоја населба од општината можат да се забележат депонии покрај патот.

Локалните власти велат дека се трудат да го решат проблемот, но дека им оди тешко, па затоа бараат помош од Влада.

Но, од друга страна пак, министерот за животна средина, Насер Нуредини, не рече ништо конкретно во однос на менаџирањето со отпадот, само се осврна на законите за казнување доколку граѓаните фрлаат отпад насекаде.