Кичево, малите бизниси пред затворање – бизнисмените стравуваат, надеж гледаат само во државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Малите бизниси ризикуваат да стават клуч ако кризата со Ковид-19 продолжи и во наредните месеци.
Оваа состојба го отежна доаѓањето на печалбарите во земјава, имајќи предвид дека покрај тоа што ги посетуваат нивните семејства, ја полнат и буџетската каса со високи суми на пари. 
Сопствениците на малите бизниси се загрижени и велат дека доколку продолжи пандемијата и во наредните месеци ќе бидат принудени да ги затворат нивните бизниси.

„Ако ситуацијата продолжи вака, ќе биде многу тешко. Навистина многу ни е тешко. Досега немаме никаква помош од државата, освен за платите од 14.500 денари, но трошоците не можеме да ги покриеме, плаќаме кирија, струја. Тешко“, вели бизнисмен.

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, вели дека колку можеле им помогнале на бизнисите кои не работеле неколку месеци, особено оние кои се занимаваат со гастрономска дејност.

„Ние како локална институција, со капацитетот што го имаме, со можностите што ги имаме, уште порано преземавме мерки за најпогодените, како што е гастрономскиот дел. Направивме заедничка проценка со други експерти. Оценивме дека кафулињата кои не работеа долго време се оние кои треба да бидат поддржани барем со можностите со кои располагаме и дека не треба да се оданочуваат барем оваа година. Дури не ги оданочуваме јавните места што ги користат“, посочува Фатмир Дехари.

Меѓу мерките од економскиот пакет што го донесе Владата беше и помош на компаниите со плата од 14.500 денари, но според сопствениците овие средства не се доволни за да го одржат бизнисот жив. Бараат државата да им ги укине даноците за наредните неколку месеци.