Со доаѓањето на месец јули, Кичево почнува да „цути“! Со доаѓањето на иселениците, овој град добива поинаков изглед, изразена живост и поубава атмосфера.
-Ова е месецот кога Кичево се полни со иселеници. Како што е познато, Кичево има многу иселеници и за време на летото сите тие доаѓаат да го посетат родниот крај. Јасно се гледа дека во овој период од јули, градот Кичево е речиси преполн со иселеници, пренесе репортерката на ТВ21, Салије Садику Пињоли.
Иселениците што ги сретна екипата на ТВ21 велат дека копнеат по родното место и уживаат кога доаѓаат на одмор. Иако за кратко време, тие се трудат да уживаат максимално.
-Да, штотуку дојдов од Германија, многу е убаво, нема подобро од родното место, вели граѓанин.
-Да, добро е, добро… Секако, никогаш не е доволно, но добро е, сепак е родниот крај, вели друг граѓанин.
-Супер, супер… на одмор е одлично. Што да се менува? Сè е добро, вели граѓанин.
Со поставени транспаренти низ градот, добредојде им посака и градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари. Тој преку статус порача: „Каде и да сте биле, каде и да одите, Кичево останува вашиот дом.“
Оваа атмосфера во Кичево преовладува до почетокот на месец август, а потоа градот повторно паѓа во својата вообичаена тишина.