Општинската изборна комисија во Кичево ја спроведува подготовката за локалните избори на 19 октомври.
Претседателката на Општинската изборна комисија, Дрита Ахмети Абедини, рече дека интензивно работат за да се обезбеди демократски изборен процес. Но, колку гласачи има Кичево и како ќе се гласа.
„Имаме 51.040 гласачи во општина Кичево. Овој пат имаме и над илјада гласачи повеќе отколку лани“, вели Ахмети Абедини.
Новина во оваа општина е дека е намален бројот на избирачки места од 120 колку што имаше претходните години.
„Вкупно се 109, 11 се пасивни избирачки места. Тие гласачи ќе гласаат во најблиските центри. Тие се затворени затоа што имаат помалку од 10 гласачи и таму нема да има гласање, туку ќе гласаат во најблиското место на живеење.“, изјави Ахмети Абедини.
За градоначалник на Општина Кичево во трка се четворица кандидати, а има 11 советнички листи.