Кичево во трка со тројца кандидати, Албанци – ВРЕДИ има кандидат, Алили е независен, Дехари очекува „ок“ од партијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу е веројатно дека тројца кандидати Албанци ќе се натпреваруваат на овие локални избори за Кичево. Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ објави дека ќе има кандидат, но не прецизираше кој ќе биде тој.

„Во опција се неколку кандидати кои ние како ВРЕДИ ќе ги разгледаме и во консултација со граѓаните, со структурите на сите политички партии, со граѓанскиот, интелектуалниот сектор и со други важни фактори на општеството, а за некои од општините можеме да консултираме и агенции кои го мерат јавното мислење за тоа кој потенцијален кандидат ќе биде најдобар и најприфатлив за граѓаните.“, вели Биљал Касами.

Оној кој веќе ја формализираше својата кандидатура за Кичево е Шкодран Алили како независен кандидат. Тој апелираше партиите овој пат да го отворат патот за младите.

„Верувам дека е добро да се направи политичка ротација за да се отворат вратите кон младите, да се мотивираат младите, да се поддржат младите и време е како што сме дале поддршка во секој изборен циклус, во секоја негова фаза, каде ќе биде и како да се води, време е да им се даде простор на младите да покажат колку знаеме и што можеме да изградиме“, изјави Алили.

Со свој кандидат за Кичево, кое е нејзино упориште, најверојатно ќе биде и ДУИ, но сè уште не се знае кој. Актуелниот градоначалник од редовите на интегративците, Фамир Дехари, е подготвен за четврти мандат, но чека партијата да го каже последниот збор. На терен, тој веќе започна средби со иселениците.

Дехари: Не, ДУИ сè уште нема кандидат бидејќи ДУИ отсекогаш номинирала кандидати врз основа на принципот на анкети и истражувања на кандидатот кој е најмногу поддржан од граѓаните.

ТВ21: Ќе се кандидирате или не, вие лично, што велат анкетите?

Дехари: Мојата кандидатура зависи од анкетите и мнозинството граѓани, ако граѓаните ме поддржат во следната кандидатура на изборите во октомври оваа година, тогаш Фатмир ќе остане на чело.

Партиите од условно речено, македонскиот блок сè уште не излезе со став за кандидатите. Се очекува, во периодот што следува, ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ да излезат со свои кандидати.