Жителите на Бичинци-Кичево бараат асфалтирање или санирање на улицата во должина од само 700 метри, бидејќи беше уништена пред една година поради интервенции на канализационата мрежа.
Жителите се собрале сами да ја санираат улицата со песок, бидејќи, како што велат, секој ден ги уништува нивните автомобили. Бараат од општината да преземе мерки.
-Имаме проблем со улицата, доставивме барање до општината, кај градоначалникот, улицата да биде средена бидејќи видовите и вие, ни ги уништува автомобилите. Пред една година доставивем барање за асфалтирање на улицата, но вака оставија и ние со самоиницијатива, како што гледате, ја санираме улицата, вели жител.
–Во врска со ова побаравме став од градоначалникот на Кичево, а каде ни ветија дека наскоро улицата ќе се санира, вели друг жител.
-Улицата за која што зборувате наскоро ќе се санира, така е оставена бидејќи таму поминуваше канализационата мрежа и се одвиваа работите, но само што ќе се подобрат временските услови, улицата ќе се санира. Истотака планираме и асфалтирање на стариот пат од Бичинци до Бигор Доленц, вели Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево.
Дехари рече дека за утре е планирана средба со жителите за да ги слушне нивните маки и проблеми и за да им го каже планот за изградбата на улиците.