Бројот на заразени со Ковид -19 се зголемува, а состојбата во Кичевската болница континуирано се влошува. Во оваа барака се третираат заразените со Ковид-19, но нема доволен капацитет за сите заразени.
„Состојбата со Ковид-19 ја влоши ситуацијата во кичевската болница. Ова зад мене е бараката каде се третираат пациенти со Ковид-19 кои имаат лесни симптоми и примаат инфузии преку ден. Состојбата е видно лоша бодејќи нема ниту инфективен оддел ниту доволно средства. Во текот на вчерашниот ден беше објавено видеоа каде се гледа пациент како прима инфузија во дворот на кичевската болница.“, вели репортерката на ТВ21.
Во болницата сретнавме повозрасен граѓанин кој ни рече дека едвај обезбедил слободен термин за да направи Ковид тест и тоа во Тетово, а добил позитивен резултат. Додаде дека неколку пати се јавил денеска за да прима инфузија во оваа болница, но никој не се јавувал.
„Едвај најдов во Тетово, и в петок отидов во Тетово. Наутро никој не се јавуваше, а требаше да ја земам шестата инфузија и сега ми рекоа дека сум позитивен. Сега и жена ми е зараезна. Денеска сум малку подобро и не знам…“
Пациентите заразени со Ковид-19 од Кичево кои се во тешка здравствена состојба се пренесуваат во другите болници или во скопската клиника, но во последно време и капацитетите на речиси сите болници се полни.
Директорот на охридската болница, Горан Балески, пред неколку дена за ТВ21 рече дека нивната болница не може да прима пациенти од другите градови бидејќи многу брзо се пополнуваат капацитетите. Додаде дека време е секоја болница да се бори за своите пациенти.
Бојот на заразени во Кичево од почетокот на пандемијата изнесува 596 заразени, а активни случаи се 191. Заразени се и 8 здравствени работници и тоа 2 медицински сестри, 4 специјалисти и 2 лекари.