Кичевски мед, прсти да излижеш – годинава помало производство, климатските промени ги уништуваат пчелите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пчелите се чудо. Се што се зборува за нив потсетува на совршениот универзум. Човештвото може да забележи епохални достигнувања низ историјата, но никогаш нема да успее да произведе мед. Медот е вродена уметност на пчелите.

Пчеларството и одгледувањето пчели го направи Кичево познато не само во земјава туку и пошироко. Вообичаено со овој занает се занимаваат повозрасните луѓе на кои ова им претставува хоби. Еден од нив е учителот во пензија Хасан Лимани кој вели дека производството и одгледувањето пчели е пасија или продолжување на традиција. Тој вели дека е трета генерација во семејството во одгледувањето пчели. Тоа е работа што ја правиш за себе, вели тој, а бројот на кошници го зголемил на 200. Откако ја облековме заштитната облека, заедно со него се доближивме до една од кошниците за да го видиме од близу процесот на собирање мед.

„На почеток пчеларот треба има заштитна облека, бидејќи се облековме со бели алишта сега ја палиме пумпата за фумигација, внатре има врбино дрво, се пали и продолжуваме кај пчелите“, истакна Хасан Лимани.

„Фумигацијата се прави полека, еве сега се смирија, на површина нема пчели“, додава Хасан Лимани.

Потоа започна постапката за вадење на рамките каде пчелите го оставаат медот.

„Една ваква рамка приближно има од 2 до 3 кг мед. Ова е полен, навистина ова е најдоброто во пчеларството за храната за деца и воопшто за човекот, ова е пластично и е многу добро, го вакумира медот за никогаш да не се расипе. Пчелите ја вадат водата и воздухот и го ставаат тука“, истакна Хасан Лимани.

Раскажувајќи за ТВ21, тој рече дека оваа година пчелите произвеле помалку мед во споредба со другите години а дека причината за тоа се климатските промени.

„Климатските услови, главната причина е дека почетокот на пролетта беше студен, токму кога пчелите се размножуваат, температурата беше ниска и се прекина тој процес. Летото дождливо и дождот го миеше поленот од цветовите и затоа се големите загубите во пчеларството“, посочи Хасан Лимани.

Откако ја затвори кошницата со пчели,  им пушти вода за пиење и со сопругата ја продолжија својата работа.

Дека производството на мед е ниско оваа година во Кичево потврди и Коста Галимановски.

Во пчеларското здружение во Кичево се регистрирани 250 пчелари кои се занимаваат со одгледување пчели и производство на мед. Медот е најупотребуваниот лек во Стар Египет. Доколку не сте знаеле, една пчела во една минута може да помине 12 цветови, а за еден ден дури 4000. Имаат невообичаена организација на работата во групи на која и луѓето понекогаш можат да и позавидат.