Кичевско село празно, останаа само старите – „меѓу две албански села, со одличен соживот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селото Мидинци, како и многу други села во Кичево, се празни.
Во ова село пред 30 години имало над 120 жители, училиште, а низ улиците можело да се слушне детски џагор. Мештаните се занимавале со земјоделство и сточарство. Како што велат заработувале и живееле среќно. Но, денеска глетката е поинаква. Селото брои само 25 жители, главно пензионери, кои велат дека нема да го напуштат селото сѐ до последниот ден од животот.

Селото Мидинци е сместено меѓу две албански села – Колари и Зајас, но жителите велат дека имале добар соживот со соседите Албанци, оделе едни кај други за празници и свадби.

Веќе 30 години ова село нема училиште. Над 50% од жителите се преселиле во градот, а некои пак, заминале во Скопје и Тетово.

Надеж за заживување на селото е Горан Петрески, кој во долниот дел од селото самоиницијативно одгледува фарма со кокошки. Вели дека се труди да ја спроведе на дело неговата идеја, но се надева дека државата ќе му помогне да ја прошири и да ја претвори во вистинска фарма.

Горан додава дека ако го оствари неговиот сон ќе остане да живее во селото заедно со неговото семејство и дека ќе вложи напори да го развие местото и неговиот бизнис.