Два дена по ред Кичевци дишат загаден воздух.
Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот од 50 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички. Вчера и денеска присуството на штетните честички е зголемено за четири пати.
Граѓаните велат дека за загадувањето придонесуваат многу фактори.
Имаше и такви кои ваквата состојба воопшто не ги загрижува.
Министерството за животна средина потсети на мерките кои стапуваат на сила. Покрај препораките до институциите за засилени контроли за потенцијалните загадувачи, ова министерство препорачува и сите работодавци да ги ослободат бремените жени, лицата над 60 години, како и лицата со хронична астма, оние кои имале инфаркт или мозочен удар.
Исто така, се препорачува работодавачите да го реорганизираат работното време и луѓето кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот и да не се организираат спортски натпревари и културни активности на отворено.