Киев: Го поддржуваме планот на Трамп за завршување на војната во Газа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украина соопшти дека го поздравува планот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Газа, опишувајќи го како важен чекор кон праведно и трајно решение, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

„Го сметаме овој план за важен придонес во потрагата по праведно и одржливо решение кое треба да се заснова на принципите на меѓународното право и да ги земе предвид легитимните права и аспирации на народите во Израел и Палестина .“

Ги повикуваме сите страни што е можно поскоро да го спроведат планот во пракса со цел да се стави крај на војната, да се надмине хуманитарната криза и да се спасат човечки животи. Убедени сме дека спроведувањето на планот ќе помогне во враќањето на безбедноста во целиот регион, врз основа на почитување на меѓународното право и Повелбата на ОН .“

Западните медиуми претходно ги открија клучните елементи на планот. Белата куќа предлага Газа да биде „дерадикализирана зона без терор што не претставува закана за своите соседи“.

Планот вклучува постепено повлекување на Израелските одбранбени сили од Газа и префрлање на контролата на Меѓународните сили за стабилизација, замислено како „долгорочно решение за внатрешна безбедност“.