Кина е подготвена да ги укине царините за 53 африкански земји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кина објави дека е подготвена да ги укине царините што ги наплаќа за увоз од сите 53 африкански земји со кои има дипломатски односи.

Ова беше објавено на министерскиот состанок за соработка меѓу Кина и Африка во кинескиот град Чангша, во време кога африканскиот континент се соочува со можно зголемување на царините за своите производи што се извезуваат во Соединетите Американски Држави, објави Би-Би-Си.

Нултата царина, доколку се спроведе, би била продолжение на договорот постигнат минатата година според кој Кина ги отстрани царините за стоки од 33 африкански земји класифицирани како најмалку развиени.