Кина, ОАЕ и НАСА го „напаѓаат“ Марс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кина потврди дека нејзиното вселенско летало Тијанвен-1 влезе во орбитата околу Марс, каде ќе остане неколку месеци откако се обиде да изврши опасно слетување на планетата.

Првата мисија на Обединетите Арапски Емирати на Марс пристигна пред неколку дена на Црвената планета, а пристигнувањето на леталото испратено од НАСА се очекува оваа недела.

Пристигнувањето на Марс на кинеското вселенско летало Тијанвен-1, кое инаку носи робот со шест тркала и заштитна сонда, го прави второто летало во последните два дена што стигнало до Црвената планета, по сателитот „Надеж“ (Hope) на ОАЕ, кои треба да испраќаат податоци за атмосферата и климата на таа планета, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека избраната локација за слетување на кинеското смемир возило е рамнината во сливот на Утопија северно од екваторот на Марс, додека Тијанвен-1, тежок 240 килограми, треба да застане на површината, каде што се планира работа 90 дена.

За неколку дена, околу 18 февруари, се планира експедиција испратена од НАСА да пристигне на Марс. Станува збор за роверот „Упорност“, кој треба да слета на Марс на тој датум, во кратерот Језеро.

Сите три мисии на Марс беа лансирани минатиот јули, за да се искористи тесното усогласување на планетата со Земјата, што се случува на секои две години.

Патем, првиот обид на Кина да го испрати сателитот ингхуо-1 на Марс не успеа откако неговиот руски носач престана да работи и падна во Тихиот океан. Досега само Американците успеаа да спроведат подолги операции на Марс, според агенцијата.