Кинеското Министерство за трговија во вторникот рече дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа“ на американскиот пристап за царините и вети дека ќе се бори против новите царини „до крај“.
Министерството ја нарече „грешка до грешка“ изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуално дополнително зголемување на царините за 50 проценти на кинески производи.
Тој повика да се повлечат сите планови за воведување царини и да се решат разликите меѓу Кина и САД преку дијалог.
Дополнителните американски царини за производите од Кина ќе достигнат вкупно 104 отсто доколку Пекинг се држи до контрамерките на тарифната офанзива на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа во понеделникот за АФП.
Доколку се имплементира, ќе ја удвои цената на стоките од Кина во САД.
Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 50 проценти царини, а тие давачки заедно со тарифата за Кина што веќе ја најави, би можеле да достигнат 104 проценти.
Трамп претходно се закани дека ќе одговори остро на одмазднички мерки од други земји. Тој се закани дека ќе воведе царина од 200 отсто за алкохолните пијалоци од Европската унија и 50 отсто за челик и алуминиум од Канада.
Во двата случаи, двете страни постигнаа некаков вид на смирување и покачувањето на царините не се оствари
