Во несреќа во североисточна Кина, шест студенти се удавија за време на посетата на рудник за бакар и молибден во сопственост на компанијата „Жонгџин“, според соопштението на компанијата.
Студентите од Североисточниот универзитет во Шенјанг вчера провалија во флотациска ќелија, што е дел од рударската опрема што користи течен раствор за екстракција на бакар од здробена руда, откако се срушија заштитните решетки, објави „Ројтерс“.
Еден професор е повреден и во несреќа во рудник лоциран во регионот Внатрешна Монголија во Кина.
