Кина вели дека коронавирусот можеби потекнува од САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кина вели дека коронавирусот можеби потекнува од Соединетите Американски Држави, обвинувајќи го Вашингтон за „избегнување одговорност“ откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина за појавата на Ковид-19.

Пекинг вчера објави бела книга за својот одговор на пандемијата, помалку од две недели откако администрацијата на Трамп тврдеше дека вирусот протекол од лабораторија во Вухан, што кинеската влада го нарече обид на Вашингтон да „ја префрли вината“, објави „Индипендент“.

Кина тврди дека „суштинските докази“ сугерираат дека коронавирусот можеби дошол од САД порано од регистрирањето на епидемијата во Кина.