Кинески аеродром за време на пандемијата стана најпрометен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта ја загуби титулата најпрометна во светот по 23 години.

Аеродромот во Атланта беше втор на списокот во 2020 година, додека титулата за најфреквентен аеродром во светот ја презеде меѓународниот аеродром Гуангжу Бајун во Кина.

Овој аеродром направи значителен напредок во споредба со 11-та позиција што ја имаше во 2019 година.

Во текот на изминатата година има драматични промени на списокот поради ограничувањата наметнати од панемијата на коронавирусите, што продолжува да го отежнува патувањето низ целиот свет.

Аеродромот во Гуангжу имал 43,8 милиони патници во 2020 година, што е за 40 проценти помалку отколку во 2019 година, додека аеродромот во Атланта има 42,9 милиони патници или пад од 61 процент.

Губењето на првото место на списокот на најпрометни аеродроми во светот се очекува да биде само привремено за Атланта, бидејќи состојбата во светот се подобрува.

Постојат седум кинески аеродроми во топ 10 најпрометни аеродроми во светот.